Celebrity

Легендарната Џенифер Анистон призна дека сака да го напушти Холивуд

Џенифер Анистон ја изненади јавноста со признанието дека размислува да го напушти Холивуд.

„Морам да признаам дека во последните две години такви мисли ми поминуваа низ глава , што никогаш порано не ми се случило“, рече Анистон и додаде дека по соработката со Риз Витерспун во серијата “The Morning Show” во 2019 година, таа интензивно размислувала за да се откаже од својата актерска кариера.

„Тоа се случи откако завршив со снимањето и кога помислив дека сето ова е многу исцрпувачко и дека веќе не е за мене“, откри актерката.

Напиши коментар