Веќе некое време немавме шанса да ја видиме Лејди Гага во вистинското светло, ни недостасуваа нејзините контроверзни кампањи и фотографии, но сега таа надокнади за се.
Пејачката ја најави својата линија за шминка минатата година, а сега започна и кампања за истата. Со провокативна фотографија го одбележа почетокот на официјалната Инстаграм страница, и тоа топлес!
Лејди Гага позираше само во гаќички, а нејзината долга сива коса и ги покриваше градите.
„Можеби времето станува постудено, но ние ги загреваме работите“, напиша таа во описот на објавата.