Free zone

Лекарите во Њујорк ги отпуштаат заболените од корона на домашно лекување со песна!

Ходникот ечи “Don’t Stop Believin”.

Њујорк, град кој порано беше познат како „Големото јаболко“, сега стана „град на духови“, од чии улици короната го „исцеди животот“.

Сепак, има такви кои сочувале малку позитивна енергија во нив, а тоа се оние кои се најмногу изложени на овој вирус.

Лекарите и медицинските сестри во една од њујоршките болници решија на пациентите заболени од корона, кои се ослободени за понатамошно лекување дома, да им подарат весело испраќање.

Додека пациентот шета низ ходниците на патот кон излезот, медицинскиот персонал, насмеано и расположено околу него, ја пее песната “Don’t Stop Believin” (Не престанувај да веруваш)!

Погледнете како тоа изгледа!

Напиши коментар