Celebrity

Little Mix се распаѓа: Девојките се одлучија за соло кариера!

Фановите нема да бидат пресреќни со информацијата што се шири веќе некое време. Иако, најпрво само една членка објави дека ја напушта групата Little Mix, веќе се шпекулира дека ова е крајот и дека останатите девојки ќе започнат соло кариера.

Не се случила никаква кавга или драма, туку едноставно се случува животот. Една од членовите, Џеси Нелсон, вчера објави тажна вест за сите обожаватели, а тоа е дека ја напушта Little Mix, поради здравствени причини. По нејзиното соопштение, се појави информација дека другите девојки планираат соло-проекти и дека најверојатно тука е крајот на групата.

За ова се зборува веќе некое време, a девојките започнаа да истражуваат во кој правец би можеле да одат нивните соло кариери, по распадот на групата. Кога ќе истече постојниот договор, тоа ќе биде тоа. Сепак, не е сè толку црно, бидејќи постои надеж дека во иднина ќе имаме можност повторно да ги слушнеме и видиме во оваа постава. Иако, сега сакаат да се занимаваат со своите проекти, може да се склучи договор за повторно обединување, па дури и да одат на турнеја. Такво нешто е можно, особено затоа што прекинаа без никакви кавги, всушност, тие сепак се поддржуваат една со друга и не постои омраза помеѓу нив.

Напиши коментар