After Midnight

Љубомора: Сосема нормална појава, но еве кога може да стане нездрава

Љубомората е нешто што секој од нас го почувствувал, барем еднаш во животот. Ова силно чувство се заснова на стравот од губење на некој близок.

Умерена доза на љубомора во врската е, тврдат психолозите, дури и пожелна – тоа покажува дека се грижиме и можеме да влијаеме позитивно на односот. Умерени дози на љубомора можат да ни помогнат да разбереме колку вреди човекот до нас. Сепак, што се случува кога љубомората е претерана? Кога ќе видиме како некој флертува и покажува интерес за нашиот партнер, можеме да го разбереме како да сме направиле добар избор. Може да ја разбуди самодовербата, затоа што гледаме дека нашиот партнер е пожелен и за другите.

Од друга страна, начинот на реакција зависи од тоа колку му веруваме на нашиот партнер. Ако врската не се заснова на доверба, љубомората партнерите ќе ги направи лути и несигурни, а таквата врска никогаш не може да биде здрава и избалансирана. Љубомората е вид на страв или, подобро кажано, комплексна афективна реакција на замислена или реална закана дека саканиот предмет ќе биде изгубен, целосно или до одреден степен. Психолозите велат дека најмногу љубоморни се оние „кои не можат да сакаат, но кои мора да имаат чувство дека се сакани“. Истражувањата покажаа значителни разлики во љубомората кај мажите и жените, бидејќи тоа произлегува од различни мотиви. Мажите повеќе реагираат на знаците на женско сексуално неверство, додека жените се повознемирени од емоционалната измама.

Природата на љубовта е таква што другите секогаш можат да престанат да нè сакаат од некоја причина, што значи дека нашата љубов нема да биде возвратена. Значи, прво љубовта, а потоа и стравот да не се изгуби личноста, се две емотивни претпоставки врз кои се темели чувството на љубомора. Сомнеж за неверство, оправдано или не, содржи емотивна врска и со саканата личност и со противникот.

Напиши коментар