Celebrity

Мајли Сајрус со необична модна комбинација на музичкиот фестивал iHeartRadio

Кога станува збор за изглед од кој паѓа вилицата, Мајли Сајрус никогаш не разочарува.

Во текот на втората ноќ на музичкиот фестивал iHeartRadio во саботата, на 19 септември – еден од првите виртуелни музички настани од почетокот на пандемијата на корона вирусот – Мајли го затвори шоуто со изведба на „Heart of Glass“, „Nothing Breaks Like a Heart,“, „Who Owns My Heart“ и „Midnight Sky“. А, сето тоа го стори додека со својата облека наликуваше на Catwoman.

Мајли избра да настапи во црна ткаенина стратешки вткаена во облеката на клучни места од глава до пети. Таа ја обедини облеката „Mugler“ со бујниот сребрен накит од „Loree Rodkin Official Jewelry“ и „Michael Schmidt Studios“, додавајќи му на целиот изглед со светкава сенка за очи и задебелена црвена усна благодарение на Џанис Дауд. Иконските слики кои Мајли ги сподели на Instagram ги сними фотографот Вијат Мохиндра, стајлингот го направи Бредли Кенет, а косата ја направи Цервандо Малдонадо. На крајот, целиот стајлинг беше комбинација Catwoman со Breakfast at Tiffany’s!

View this post on Instagram

@iheartradio Festival 2020 TONIGHT 🖤

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus) on

Облеката на Мајли за ноќта одговараше со нејзиниот одличен перформанс. На музичкиот фестивал iHeartRadio настапија и Кит Урбан, Ашер, Кејн Браун, Бон Џови и Свеј Ли. Во текот на целата ноќ, истакнатите уметници ги потсетуваа членовите на публиката да излезат и да гласаат во ноември на претседателските избори во 2020 година, истакнувајќи ја важноста да се стори тоа под сегашната политичка клима.

Иако овој пат немаше уништувачки топки за Мајли да се лула, таа сигурно не разочара, привлекувајќи со својот изглед и перформансите за вечерта. Знаеме дека Хана Монтана би била толку горда.

Напиши коментар