Celebrity

Мајли Сајрус ставена пред тежок избор: Џастин или Хари?

Мајли Сајрус за време на гостувањето на радиото Heart Fm ја играше играта Would You Rather, и како и секогаш даде искрени и интересни одговори.

Поп-sвездата мораше да избере помеѓу Хари Стајлс и Џастин Бибер. Иако на многумина овој избор им изгледаше невозможен, таа лесно ја донесе одлуката.

„Хари“, одговори таа. „Го познавам Џастин предолго, тој сега е како дел од моето семејство, додека Хари Стајлс изгледа навистина добро“

Тука се согласуваме со неа, плус – Џастин е оженет со Хајли Бибер. Мајли додаде дека лично повеќе и се допаднал Стајлс, особено во мрежести чорапи, кои тој ги носи во едиторијалот за списанието „Beauty Papers“.

„Двајцата сме слични: се облекуваме слично, па затоа би било логично да живееме заедно“, рече таа.

Тогаш водителот на радиото i предложи: „Ако сакате да ве поврзам, јас сум прилично добар во тоа и го познавам Хари“, на што пејачката шеговито одговори: „Секој денес би сакал да биде проводаџија!“

Што мислите, каква двојка би биле Мајли и Хари?

Напиши коментар