Free zone

Make-up совети за девојки со проблематична кожа на лицето

Девојките водат војна со акните уште од пубертетот и тоа е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат. Не е лесно да се справите со воспалителните процеси на кожата на лицето, кои, особено кај помладите девојки, во голема мера влијаат на самодовербата.

Денес ви подготвивме неколку совети за шминкање на проблематична кожа, кои ќе ви помогнат во борбата против овој иритирачки проблем.

Одлучете се за дерматолошки тестирани и потврдени производи за шминка

Дерматолошки тестираната и специфицирана козметика, наменета за проблематична кожа на лицето, првенствено нема да предизвика проблем со дополнителна иритација и црвенило. Покрај тоа, структурата е прилагодена на кожата на лицето, а кога ќе ја нанесете, вашата шминка нема да изгледа неуредно, а моќта на покривање ќе биде на завидно ниво, бидејќи самиот производ е наменет да го поправи црвенилото и да ги покрие мозолчињата.

Внимателно грижете се кожата пред спиење

Најважно е да го завршите денот со чиста кожа. Затоа, секоја вечер пред спиење, направете своја beauty рутина, измијте се, исчистете го лицето со тоник врз основа на салицилна киселина, што спречува појава на акни и богато ја хидрира кожата. Кога ќе се разбудите наутро, вашата кожа ќе биде посветла и помека на допир, а проблемот со акните ќе се намалува од ден во ден, доколку правилно се грижите за кожата.

Компактната пудра е неопходен дел од вашата make-up рутина

Секогаш користете ја оваа пудра заа дополнително да ја заштитите кожата од надворешни влијанија и да спречите „светење“ доколку кожата е склона кон маснотија.

Не заборавајте прајмер

Кога лицето е воспалено и црвено, основниот чекор е да се нанесе прајмер. Покрај тоа што спречува шминкањето да влезе подлабоко во вашите пори, тоа ќе овозможи подобро покривање на пудрата и ќе го покрие црвенилото, а тенот ќе изгледа совршено.

Дезинфицирајте ги четките за шминкање

Ако имате проблематична кожа на лицето, вашето прво правило треба да биде секојдневно да ги миете и дезинфицирате четките за шминка. Ова ќе ги отстрани бактериите што се таложат на површинскиот слој на четката и се пренесуваат на вашето лице заедно со слојот на шминка што ќе го нанесете, што може да предизвика дополнителни проблеми на вашето лице.

Напиши коментар