Free zone

Мали трикови од големи професионалци: Еве на кои начини можете да го искористите коректорот!

Визуелно ги зголемува усните

Откако ќе нанесете кармин или сјај за усни, веднаш над горната усна, ставете малку коректор, а потоа во средината на долната усна и потоа измешајте со кармин. Светлите делови направени со коректорот, ќе направат усните да изгледаат визуелно поголеми.

Ја заменува пудрата

Ако останете без пудра, коректорот може да биде одлично решение. Нанесете хидратантна крема на лицето, почекајте неколку секунди, а потоа нанесете неколку линии на лицето со помош на коректорот. Лесно размачкајте со прстите и тоа е тоа.

Ја фиксира сенката

Доколку немате подлога за сенка, прво ставете коректор на очните капаци, а дури потоа останатата шминка. На овој начин, сенката ќе остане на вашите очи во текот на целиот ден.

Напиши коментар