Free zone

Мали трикови за големи промени – Користете ги овие начини за шминкање и ќе добиете изглед на кој многумина ќе му завидуваат

Хидратација
Овој чекор е неизбежен ако сакате убав тен и шминка која ќе трае цел ден. Колку повеќе се грижите за вашата кожа, толку помалку ќе имате потреба од шминка, а секој производ ќе изгледа поубаво на вашата кожа.

Прајмер
Ниту килограм пудра нема да ги сокрие зголемените пори и брчки. Само прајмерот може да го стори тоа. Изберете го оној кој одговара на вашиот тип кожа и нанесете го пред течната пудра. Разликата е небо и земја.

Пудра во прав
За сетување, секогаш изберете прав наместо камен. Изгледа поубаво, поприродно, а особено е важно тоа што на лицето ќе изгледа помалку тврдо отколку камената пудра. Нанесете го со широка пуфнаста четка, со лесни движења, без триење.

Темни подочници
Нема ништо што ќе ги скрие круговите под очите подобро од коректорите во боја на праска. Одговара на апсолутно секој тен, и после тоа можете слободно да нанесете посветла боја доколку е потребно. Клучот е што ќе ја неутрализира темната боја на очните капаци и ќе ги направи очите будни.

Напиши коментар