After Midnight

Мали знаци на внимание кои на вашето момче ќе му значат многу

За да не прерасне во рутина, љубовта треба да се негува.. Можеби не сте ни свесни за тоа, но малите знаци на внимание му даваат неверојатна самодоверба на партнерот и му испраќаат порака дека сè е во ред, дека го сакате и дека сте само неговa.

Иако често се претставуваат како стабилни момци, за кои романтичните ситници се всушност патетични, тие всушност, не се такви. Иако никогаш не ви го кажале тоа, еве ги малите нешта што навистина би сакале да ги направите за нив, од време на време:

  • Бакнежот за добра ноќ е многу интимен чин и доказ за блискост за повеќето мажи, затоа не им го скратувајте тоа задоволство.
  • Направете му го неговиот омилен ручек, без причина. Ова е еден од малите знаци на внимание, пред кој тој нема да остане рамнодушен.
  • Направете собир за вас и неговите пријатели. За него, тоа значи дека сакате да ги запознаете вашите блиски луѓе со него, а исто така сакате да воспоставите контакт со неговите пријатели. Така, на овој начин му испраќате јасна порака, ти си дел од мојот живот, а јас сум дел од твојот живот.
  • Донесете насмевка на неговот лице. Секој пат кога ќе успеете во тоа, тој ќе се за заљуби во вас уште повеќе!
  • Заблагодарете му се на малите работи што ги прави за вас. На нашите момчиња, често им се чини дека не ја гледаме нивната работа, од друга страна, тие ситници понекогаш ги земаме здраво за готово. Она што го земаме здраво за готово, влијае на нивната несигурност, па од време на време, заблагодарете им се за нешто што ви одговара и покажете им дека навистина ви е важно.
  • Кажете му колку е убав или подарете му некој друг комплимент. Секое момче сака да се чувствува пожелно, а особено е импресиониран, што неговата девојка го посакува и по толку време, со еднаков интензитет.
  • Прашајте го како му поминал денот. На овој начин, вие покажувате дека се грижите да ги дознаете сите негови безгрижни, но и стресни моменти, покрај тоа, тој ќе почувствува дека вие се грижите, а за него тоа е скапоцено.

Напиши коментар