Цртаниот филм „Алиса во земјата на чудата“ се смета за еден од најдобрите цртани филмови на Дизни, со него израснаа многу генерации. Многумина се изненадени од фактот дека филмот е објавен уште во 1951 година, а притоа сè уште се истакнува меѓу останатите цртани филмови.
Сепак, и покрај тоа што сме го гледале филмот безброј пати, малкумина знаат како всушност бил снимен овој цртан филм. Неделно било можно да се направат само 23-24 секунди анимација. Во тој период, Дизни излегол со идеја да ангажира актери, за да одиграат некои сцени од филмот.
На овој начин, уметниците можеле да одлучат од кој агол ќе биде прикажана сцената, но и нивната работа била многу полесна. Благодарение на актерите, тие преку своите движења можеле да направат скици, па затоа и самата анимација изгледа поприродно. Оваа техника се користи во многу филмови на Дизни.
Алиса ја играше актерка Кетрин Бумонт, која во тоа време имала само десет години. Таа неверојатно го потсетуваше Дизни на Алиса што ја замислувал во главата и тој самиот ја избрал неа за улогата. Таа со недели позирала и играла сцени од филмот. Подоцна и го даде и својот глас на Алиса, а потоа стана и Венди од цртаниот филм „Петар Пан“.