Free zone

Матмата – Подземен град (Тунис)

Додека се приближувате до Матмата, тешко ќе забележите било каков знак на живот во оваа изолирана и наизглед напуштена област, чија површина ќе ве потсети на месечината. Но, кога ќе стигнете ќе откриете царство од подземни куќи во кои живеат пустинските луѓе наречени Бербери. Оваа област стана главна туристичка атракција во Тунис, откако тука беше снимен првиот дел на “Војна на ѕвездите”.

Традиционално, живеалиштата се направени во дупки, издлабени во пустински камења на меките пустински ридови и можат да се пофалат со популација од повеќе од 5000 Бербери. Пред да се пресели поголем дел од племето овде, градтчето Матмата се наоѓало на падините на околниот рид. Остатоците од тој град можат да се видат и денес, над површината на земјата.

Техниката за изработка на овие живеалишта е стара повеќе од 400 години. Собите се ископуваат околу кружна дупка со вертикални ѕидови, која е длабока 7 м, а широка 10 м. Помали соби се прават најчесто на спрат и до нив се доаѓа по внатрешни скалила. Обично овие соби служат како остава за житарици или вода. Кратките покриени премини, водат од приземје до двор.

Береберите почнале да градат вакви живеалишта заради нивната природна термоизолација, која е клучна за вакви сушни области, особено во период на врелите лета и преладните зими.

Додека сте овде, задолжително погледајте како изгледаат овие живеалишта, но почитувајте ја приватноста на мештаните. Па наместо да ѕиркате во нивните домови, посетете ги музеите кои се направени од жените во ова гратче и преспијте една вечер во прилагодените пештери, набљудувајќи ги ѕвездите кои пловат над вас.

 

 

Напиши коментар