Celebrity

Меган Маркл зборуваше за интервјуто во 2019 година каде што рече „Не многу луѓе ме прашуваа дали сум добро“ и откри како е сега

Неодамна, принцот Хари и Меган Маркл разговараа со подкастот за терапија со тинејџери (Teen Therapy) за поддршка на Светскиот ден на менталното здравје.

За време на епизодата, војвотката од Сасекс се отвори за тоа како е да си во очите на јавноста и колку тоа и претстави тежина на нејзинато ментално здравје.

„Ми кажаа дека во 2019 година бев најтроланата личност во целиот свет, машко или женско“, рече таа. “Сега осум месеци од тоа, не бев ни видлива. Бев на породилно отсуство или со бебе”, продолжи таа.

“Но, она што може да се произведе и да разгори е скоро невозможно да се преживее. Толку е големо што не можеш да замислиш како се чуствува тоа. Не ми е гајле ако сте 15 или 25 годишни, ако луѓе кажуваат работи за тебе кои не се вистина, може да придонесе многу за оштета на вашето ментално здравје”.

„Мислам дека од моја гледна точка, дел од работата што ја работиме е нашите лични искуства и можноста да разговараме со луѓето“, објасни 39-годишната. И да разберете дека покрај тоа што нашите искуства се уникатни за нас, и очигледно можат да изгледат поразлично од она што луѓето го доживуваат ден за ден, сепак е едно многу човечко искуство и тоа е универзално”.

“Сите знаеме како е да ни се повредени чувствата. Сите знаеме како е да се осеќаме изолирано, цело време пробуваме да ги разбереме и да си ги објаснеме овие чувста”.

За време на разговорот, Меган се обрати и на своето интервју за ITV, Том Бредби во 2019 година, каде зборуваше за чувство на ранливост и откри, во тоа време, „многу луѓе ме прашуваа дали сум добро“.

„Не сфатив дека мојот одговор ќе добие таков интерес од целиот свет“, призна таа. „Затоа што реков:„ Па благодарам, луѓето навистина не ме прашаа дали сум добро “. Не размислував за тој одговор. Само одговорив искрено затоа што бев во момент на ранливост, бидејќи бев уморенa. Едноставно, еве ме. Јас сум мајка со четири месечно бебе и уморни сме “.

„Но, мислам дека тоа зборува за фактот дека причината што одекна кај луѓето е затоа што сите сакаат да бидат прашани дали се добро“, рече таа. “Така, денес би рекла, навистина добро се снаоѓам. Ви благодарам што прашавте”.

Напиши коментар