Free zone

Меки, топли и тотално модерни: Teddy капите ги обожававме кога бевме деца, а сега се повторно во мода!

Капата навистина ја штити главата и било кој модел да го изберете, вашите синуси сигурно ќе ви бидат благодарни. Меѓутоа, ако ги почитувате модните правила, оваа есен мора да имате барем една од неодоливите „teddy“ капи.

Таканаречените „рибарски капи“, на модната сцена ги врати, ни помалку ни повеќе, туку Били Ајлиш, а од тој момент започнаа да се продаваат како луди.

Модните правила се тука за да се прекршат, па затоа е сосема прифатливо да се носи овој модел и со спортски и со елегантни комбинации.

Иако, „рибарските капи“ можете да ги најдете изработени од најразлични материјали, како што се памук, волна, но и крзно, „teddy“ е сепак во водство, благодарение на популарниот истоимен модел на капути, кој инфлуенсерките го обожаваа минатата година.

Особено се носат кафеавите модели, кои потсетуваат на плишаните мечиња, по коишто го добија своето име.

Напиши коментар