Меколи Калкин е актер кој сите го обожававме во филмовите „Сам дома“. Тој е една од најголемите sвезди на деведесеттите, меѓутоа, сè нагло се промени.
По филмот „Сам дома“, тој не доби други улоги, но овој филм му донесе пари и слава, што го воведе во светот на дрогата. Тој беше долгогодишен зависник, неговите слики од тој период го обиколија светот и се врежани во меморијата на сите нас. Сите мислеа дека тој негов пад значи крај на неговата кариера.
Сепак, младиот актер успеа да ја надмине својата зависност во последните неколку години и полека му се врати на актерството. Тој прифати помали улоги во независни продукции. Играше значајна улога во серијата „Dollface“, а ќе има поголема улога во новата сезона на „Американски хорор приказни“. Вака изгледа денес:
Тој дури сними и кратка пародија на познатиот филм „Сам дома“.