Celebrity

“Металика” успеа да собере преку милион долари со само еден онлајн концерт

Бендот Металика на својот профил на Твитер објави дека собрале дури 1,3 милиони долари од само еден онлајн концерт.

Бендот за прв пат направи концерт во живо на 14 ноември, половина акустичен половина електричен, за да собере пари за кампањата.

Тие се одлучија за едноставен пристап, секој што сака да ги слуша и да ги гледа, треба да плати. Како што напишаа, „Благодарение на сите нас и на нашите спонзори, собравме 1,3 милиони долари“.

Концертот се одржа во Сан Рафаел, град во Калифорнија од каде започна сè, а на списокот имаше 14 песни.

Бендот ќе ги подели сите приходи во банката за храна и школарини за возрасни кои не можат да си дозволат школување, како што се, на пример самохраните мајки.

Напиши коментар