Celebrity

Метју Пери открива: „Одлучено е кога ќе се снимаат новите епизоди од „Пријатели“

Во текот на оваа година пред публиката требаше да пристигнат нови специјални епизоди oд серијата „Пријатели“, но за жал премиерата е откажана.

Но, актерот, Метју Пери, откри кога ќе се снимаат епизодите.

Снимањето се одложуваше поради пандемијата неколку пати, но сега HBO Max одлучи кога ќе се снима специјалното издание на ТВ серијата „Пријатели“.

„Продолжението на серијата „Пријатели“ е закажано за март 2021 година. Се чини дека на сите ни претстои година полна со работа, но јас сакам кога има што да се работи“, објави на својот Твитер профил актерот Метју Пери, кој го игра Чендлер Бинг.

Напиши коментар