Бидејќи Младата Месечина е симбол на крајот, завршувањето и затворањето на едно поглавје, добро е да погледнеме што се случува на полето на нашите односи во следните недели. Како би можеле тука некои околности подобро да ги разбереме, да ги завршиме, да ги подобриме, можеби дури и да поставиме нови, поздрави темели…
Но, за да биде тоа можно, можеби ќе треба да се откажеме од нешто, од некоја идеја, верување или потреба. Понекогаш се блокираме во реализацијата на нашите планови. Причината за ова може да биде тоа што ние не знаеме точно што сакаме (иако мислиме дека знаеме), или некое верување е премногу силно (внатрешен грч) или можеби постои страв кој не сме подготвени да си го признаеме себеси.
Стравувањата излегуваат на површина. Кармата си го прави своето, треба да се поминат некои лекции и искуства бидејќи тие се од суштинско значење за нашиот раст.
Владетел на оваа Млада Месечина е Венера лоцирана во Девица наспроти Нептун. Илузии и нереални очекувања. Жртвување во име на љубовта. Улога на спасител и жртва. Потребна е искреност и отвореност за да се надминат пречките. Сфаќањето дека не можеме да ги менуваме и спасуваме другите е нивна задача.
Наша работа е да си помогнеме самите на себе. Наша работа е да бидеме најдобрата можна верзија од нас самите. Да помагаме, но не на своја штета.
Верувајте во крајниот добар исход на процесот што ќе се одвива. Поддршката ќе дојде од друга страна. Помалку грижете се, повеќе верувајте.
Важно е да се знае дека секоја пречка, секој проблем што ќе ви се најде на патот, доведува до одредено сознание и на крајот до решение. Сè зависи од нас самите, дали ќе се фокусираме на решението или на проблемот.