Celebrity

Младиот пејач од британската група “The Wanted” боледува од неизлечива болест!

На пејачот, кој има 32 години, му беше дијагностициран тумор на мозокот, кој не може да се оперира. Тешките вести ги дозна неколку недели пред да стане татко по втор пат.

Тој има глиобластом во фаза IV – агресивен тумор кој може брзо да се прошири ако не се лекува.

„Знаете дека и двајцата не се огласуваме на социјалните мрежи во последните неколку недели и време е да ви кажам зошто. Нема лесен начин да го кажам ова, но за жал ми дијагностицираа тумор на мозокот и веќе сум на лекување “, напиша Том, заедно со неговата сопруга Келси Паркер.

Том за првпат посетил лекар во јули, откако се онесвестил и имал епилептичен напад, но тогаш го ставија на списокот на чекање за магнетна резонанца.

Поради зачестеноста на нападите, шест недели подоцна, тој бил пренесен во болница, кадешто му била дијагностицирана болеста.

„Сè уште сум во целосен шок, толку многу е потребно за да се прифати оваа ситуација“ – изјави тој, додавајќи дека знаел дека нешто не е во ред со неговото здравје.

Напиши коментар