Ако сте љубител на долги шалови и марами, кои можат да се носат околу вратот, во косата, на чантата, сега има уште еден моден начин како да носите марама.
Имено, трендсетерките на Инстаграм ги трансформираат своите марами во кул и уникатни кроп – топ маички, кои ги добиваат со едноставно врзување на марамата околу градите. Со мала стилизација, ќе добиете кроп – топ од соништата.
Можете да ги стилизирате марамите што ги носите како кроп – топ на многу начини. Можете да облечете јакна над нив, или можете да ги носите со тексас шорцеви на плажа. Важно е да не ви недостасуваат модни инспирации.