Free zone

Модерен стил и пријатно чувство: Модни совети за жени кои сакаат да ги сокријат своите големи гради (ВИДЕО)

Многумина ви завидуваат на вашите големи гради, ана вас тие ви претставуваат проблем кога сакате да се облечете модерно, но и да не го насочувате целото внимание на овој дел од телото?

Не грижи се, има еден куп решенија што можат да ти помогнат.


Ви претставуваме неколку корисни трикови, кои ќе ви помогнат да изгледате модерно, а истовремено да ги „сокриете“ градите.

Трик бр. 1: Наместо целосно да ја закопчате кошулата, да ги покриете градите, ставете тенка маичка од тантела под кошулата и слободно откопчајте неколку копчиња на вашата кошула. Вашата облека не само што ќе изгледа подобро на овој начин, туку и градите ќе изгледаат помали.

Трик бр. 2: Избегнувајте носење едноставна тесна облека прилепена за вашето тело, изберете асиметрични парчиња, кои можат да бидат тесни, но асиметријата ќе го сврти вниманието од градите.

Трик бр. 3:Избегнувајте push-up градник

Трик бр. 4: Ако носите јакни и сакоа изберете ги подолгите, како и оние што немаат премногу детали на рабовите.

Трик бр. 5: Носете тесни кошули без ракави што одат скоро до деколтето. Тие нема премногу да ги истакнуваат вашите гради, за разлика од другите кошули без ракави.

Напиши коментар