Ретко што може да му парира на малиот црн фустан, кога станува збор за модните класици. Црна, добро скроена јакна, класична бела кошула и добри фармерки, се оние кои прават се што треба за вашата фигура да изгледа совршено.
По кратка пауза од секогаш популарните фармерки, кои некое време ги заменивме со панталони, фармерките се вратија во мода, а ние избравме задолжителни парчиња за оваа сезона.
Vintage модел од 90-тите
Vintage облеката ја освојува модната сцена, па затоа моделите на фармерки од 80-тите и 90-тите се водечки тренд оваа сезона. Високиот струк и рамно исечените ногавици, прават се што треба за женската фигура. Тие се носат со патики, мартинки, но и со високи потпетици и дефинитивно се фармерки кои можете да ги носите во секоја пригода.
“Mom”
Модел што го обожававме последните две години. Ова се фармерки погодни за секој ден. Предноста на овој модел е тоа што совршено одговара на девојчињата со облини.
Skinny
Кога велиме skinny jeans, сигурно зборуваме за фармерките што секојa од нас ги сака најмногу. Изберете модел со што е можно повисок струк и бидете сигурни дека во гардеробата имате парче што е одговор на: „Што да облечам?“ прашањето.