Free zone

Модни парчиња кои ќе ви додадат неколку килограми плус

Светли фармерки

Фармерките со избелени делови на колковите прават дури и целосно слабите жени да изгледаат подебело. За да се избегне оваа, според модните експерти честа грешка што ја прават жените, е секогаш да избираат потемни модели на фармерки кои ќе одговараат на фигурата.

Претесна гардероба

Маици, фустани, здолништа или панталони кои се премногу тесни визуелно ќе направат да изгледате како да се борите со вишокот килограми. Не водете се според големината што е напишана, бидејќи големините варираат од производител до производител, туку според тоа како нешто ви одговара. Изборот на модели кои ве стегаат е најголемата грешка што можете да ја направите, не можете да одберете ништо полошо за вашиот изглед.

Погрешни чевли

Како што облеката може да ја направи фигурата нескладна, така можат и чевлите. Лошиот избор на модели може визуелно да ја скрати ногата и да изгледа подебело. Избегнувајте плитки чизми исечени на средина на листот, заоблени чевли, а ако сте пониски, чизмите над колена воопшто не се за вас.

Дури и гардероба која е премногу широка не е добро решение

Во последно време, пошироките парчиња се во тренд, но ниту тука не треба да претеруваме. Бидејќи тесната гардероба не е добра, исто така, и премногу широките парчиња не се паметен избор. Ризикувате да изгледате неуредно и дебело во нив. Ако сакате „широки“ парчиња, погрижете се секогаш да ги комбинирате со нешто друго што е потесно, на пример, поширок џемпер и хеланки.

Напиши коментар