Free zone

Модни грешки кои сите ги правиме додека да пораснеме – Подоцна ќе превртувате очи на ова!

Купуваме облека што не е наша големина

И онаа што е премала за нас. Затоа што се убедуваме дека ќе држиме диета и дека безбедно ќе се вклопиме во тој фустан до следното лето и ќе го носиме со самодоверба низ град. Сепак, тоа обично не се случува и облеката останува во плакарот. Дури и да дојдете до таа големина, сфаќате дека сега нема шанси да носите такво нешто затоа што вашиот стил е малку променет.

Имаме парчиња во плакарот што се wow и различни, но секогаш носиме ист пар фармерки и иста маица

Колку и да сакаме да ја направиме нашата гардероба поинтересна и покул, секое вакво парче облека што ќе го набавиме, на крајот останува да стои. Во најголем дел, сепак, ќе го носиме она во што се чувствуваме пријатно, а тоа се најобичните парчиња облека како тренерки, најобични фармерки или маица. На другите девојки на Инстаграм, нешто изгледа сосема нормално, но кога ќе го купите и го облечете, имате чувство дека сите ќе ве гледаат и ќе се смеат. Со текот на годините, многу такви парчиња ќе се насоберат, а ќе останат неизносени.

Ги следиме трендовите

Кога нешто се носи, одеднаш имаме потреба да го натрупуваме целиот плакар со такви работи. Кога е во мода кралската сина боја, купуваме сè во таа боја, потоа можеби ќе бидат во мода карирани здолништа, па купуваме 10 такви здолништа, па подоцна че дојдат на ред искинати здолништа, и одеднаш плакарот изгледа како да го нападнале глутница волци. Ние сме жртви на модните трендови и не можеме да си помогнеме.

Не се чувствуваме пријатно во голем дел од облеката што се наоѓа плакарот

Бидејќи купуваме облека од погрешни причини, во плакарот имаме многу вакви парчиња. Или нешто нè боцка, стиска, премногу е кратко, премногу е широко, премногу тесно, премногу шарено, проѕирно … и тогаш носиме само 10% од гардеробата цело време. Ако средиме и исфрлиме сè што не носиме, нема да остане ништо во него.

Напиши коментар