Free zone

Модни совети за ниски девојки: Овие неколку нешта секогаш треба да ги имате на ум

Кога купувате облека и правите соодветни комбинации, не мора да ги следете ги трендовите по секоја цена, пред сè најважно е да го знаете обликот на вашето тело. Ако се водите според тоа, сè од вашиот плакар ќе изгледа одлично на вас и нема да имате облека што само собира прашина.

Научете како да ги скратите фармерките
Купувањето фармерки за ниските девојки е вистински кошмар. Што и да облечат, тие не се вклопуваат добро затоа што се предолги, а ако земат помал број што е уште пократок, нема да им бидат добри на половината. Немате друг избор освен да научите како да бидете свој господар. Скратувањето на фармерките сами дома не е толку тешко како што изгледа. Особено сега кога се носат панталони кои немаат зашиени рабови, туку изгледаат како ногавиците само да се исечени со ножици. Вие само треба да ги исечете рабовите во права линија и тоа е тоа. Ако сакате, можете и да ги преклопите за да добиете поинаков изглед.

Кога купувате фустани, изберете ги оние модели кои имаат одредена форма
Фустаните со најлоша форма за ниските девојки се оние кои немаат апсолутно никаква форма и изгледаат само како преголема маица. Таквите фустани ќе направат да изгледате уште пониско. Најдобрите фустани за ниските девојки се тесни модели кои се припиени за телото, а ако тоа не е за вас, изберете skater модели на фустани, кои се тесни горе, а се шират надолу. Преклопните фустани се исто така одличен избор.

Чевлите на платформа се подобар избор од ниските патики
Освен што комбинациите на облека ќе изгледаат уште подобро со чевли на платформа, ќе добиете и неколку дополнителни сантиметри. Тоа не значи дека треба да носите само штикли. Има голем избор на патики кои имаат малку подебел ѓон, не мора да биде нешто екстремно, а два сантиметри ќе направат разлика. Исто е и со сандали и чизми. Сè што има подебел ѓон или некаква платформа на табаните е она што ви треба.

“Crop – Top”
Фармерки со висок струк и crop – top е совршена комбинација за ниски девојки. На овој начин ќе изгледате како да сте повисоки отколку што навистина сте.

Напиши коментар