Ако го имате познатиот мал црн фустан во плакарот, слободно можете да кажете дека сте облечени за секоја пригода! Култниот црн фустан не го доби епитетот омилено модно парче без причина, бидејќи апсолутно оди со сè! Без разлика дали одите на факултет, на работа, на свадба или на вечерно излегување, со додавање на одредени модни додатоци и парчиња облека, можете да изгледате совршено во секоја пригода.
Погледнете и откријте како можете да облечете мал црн фустан во бохо стил, како во спортски, а како кога од вас се очекува врвна елеганција!