Celebrity

„Мојата клиентка ме извести дека се плаши од својот татко“ – Бритни Спирс нема да продолжи со кариерата се додека тој ја контролира!

Бритни Спирс има страв од својот татко и нема да продолжи со кариерата се додека тој ја контролира, изјави нејзиниот адвокат на рочиштето одржано на 10 ноември 2020 година.

Самуел Д. Ингам, законскиот застапник на пејачката, побара таткото на Спирс да биде лишен од старателство над пејачката и нејзината работа, како и овие права да бидат пренесени во рацете на независна агенција.

Судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес, Бренда Пени го одби ова барање, но рече дека ќе ги разгледа сите идни барања и жалби што Бритни ќе ги поднесе.

„Мојата клиентка ме извести дека се плаши од својот татко. Таа нема да настапува, сè додека нејзиниот татко е одговорен за нејзината кариера “, му се обрати Ингам на судот.

Адвокатот на таткото на пејачката, Вивијан Ли Торин, истакна дека тој е одговорен за финансиското закрепнување на пејачката, чие богатство се проценува на 60 милиони долари, додавајќи дека Бритни ќе биде оштетена доколку тој не управува со нејзиниот живот.

Сепак, судијата одобри компанијата Bessemer Trust да ги следи финансиите на пејачката и во иднина, заедно со нејзиниот татко. На рочиштето присуствуваше и мајката на пејачката, Лин Спирс, која изјави дека е време нејзиниот поранешен сопруг да биде отстранет од местото старател, а работите да започнат од почеток.

Бритни Спирс никогаш не зборува јавно за старателството, под кое беше ставена во 2008 година, но на претходните рочишта истакна дека е свесна дека токму тогаш и биле спасени кариерата и животот. Сепак, таа сега сака одреден вид на независност, со оглед на тоа што нејзиниот татко не ја известува ниту ја вклучува во било какви одлуки.

Напиши коментар