Celebrity

“Мојот живот беше коктел од хаос” – Мајли Сајрус среќна поради нејзиниот нов успех!

Планетарно популарната пејачка, Мајли Сајрус, досега имала бројни скандали во нејзината кариера, а проблемите со пороците често беа тема на разговор во јавноста.

Таа отворено зборуваше за проблемот со алкохолот, а последните две недели успеа воопшто да не го вкуси. Мајли призна дека и било тешко, но враќањето на вистинскиот пат ја прави многу среќна.

„Па, да бидам целосно искрена, како и многу луѓе, паднав ментално за време на пандемијата. Така што, не би лажела дека сум престанала да пијам, ако навистина не сум. Јас сум трезна веќе две недели и затоа сум многу среќна“, открива Мајли и признава дека и било тешко да се носи со тоа и да остане смирена.

„Лошо беше за мене, затоа што не сум умерена личност, но мислам дека не мора секогаш сите да бидеме трезни и присебни“.

Мајли изјави дека решила да не се обвинува себеси.

„Една од работите што ја користев беше: „Не побеснувај, биди љубопитна“. Затоа, немојте да си се лутите на себе, туку запрашатеј се што се случи… “, изјави пејачката, додавајќи дека алкохолот може да доведе до импулсивно однесување.

„Немам проблем со пиење. Имам проблем со одлуките што ги носам кога пијам премногу“, изјави Сајрус, која мина низ многу работи и последните три години од својот живот ги нарекува „коктел од хаос“.

Мајли неодамна наполни 28 години и рече дека 27-та година навистина ја натерала да го следи патот на трезвеноста „затоа што изгубивме толку многу икони на 27-годишна возраст“.

„Џими Хендрикс, Џим Морисон, Курт Кобејн и Ејми Вајнхаус се едни од славните кои починаа на таа возраст. Времето е пресвртна точка. Влезете во следното поглавје или тоа ќе биде сè што ќе доживеете“, вели Мајли.

Напиши коментар