„Убавината трае само неколку моменти ако немате со што да ја поддржите“
Таа е една од најубавите жени на сите времиња, позната по својот талент, природен изглед, но и харизма.
Сите оние кои можеби заборавиле колку е волшебна, сигурно би се сетиле кога оваа славна италијанска убавица се појави како Бонд девојка во едно од познатите продолженија на филмот за тајниот агент 007.
Моника тогаш имаше 50 години и лесно можеше да застане рамо до рамо со нејзините двапати помлади колешки, кои се појавија во улогата на Бонд девојки на 20-годишна возраст.
Исто така, актерката е поддржувач на негувањето на природен изглед, таа никогаш не поминала низ естетски третмани или ригорозни диети. Нејзината убавина е секако нешто што, колку и да се обидуваме да го користиме секој нејзин трик, не можеме да го копираме, но можеме да го копираме нејзиниот став за истата, но и да примениме некои од нејзините начини на негување.
Немојте да бидете опседнати со килограмите
„Ги прифатив облините, мојот природен изглед и нема ништо посекси од самодовербата. Затоа е важно да го сакате вашето тело. По породувањето не брзав да се вратам во форма, на крајот на краиштата, сето тоа е природен процес и дозволив да се одвива на тој начин. Кога ќе се погледнам себеси во улогата на Manuale d’am3re, колку сум убава и блескам, се сеќавам многу јасно како го доев бебето на сетот, секој ден“.
Направете ја негата на кожата ваш приоритет
„Мислам дека е исклучително важно кожата да дише. Јас секогаш ја симнувам мојата шминка целосно и го мијам лицето пред спиење. Сепак, уште поважен е добриот сон – за целокупниот изглед на кожата.
Јас сум религиозна во однос на чистењето, негата и хидратацијата на кожата. Ништо од тоа не прескокнувам. Исто така, се обидувам да пијам многу вода за да ги одржувам очите бистри и сјајни“.
Ефективно нашминкани очи и усни
Ако обрнете внимание, ќе забележите дека Моника најмногу користи две комбинации: smokey eye техника за шминкање и неутрален кармин, или силна црвена боја на усните и неутрално нашминкани очи.
Не плашете се од стареење
„Не можам да кажам дека бев Бонд девојка, затоа што во тој момент не бев девојка, туку зрела жена. Мажите мислат дека од моментот кога жената не е повеќе плодна, таа старее. Тоа не е точно – жените се уште се апсолутно фантастични. Што режисерот на Спектер сигурно го имал предвид кога ме избра да ја играм улогата на Бонд девојка.
Исто така е важно каков е вашиот став за стареењето воопшто. Ако се обидувате да изгледате како да имате 30 години на 45-годишна возраст, не заборавајте да нема да го постигнете тоа. Прегрнете го вашето тело и вашиот изглед што го донесуваат годините и обидете се да го претставите најдобро што можете“.
Не е сè во изгледот!
„Јас сум свесна дека убавината предизвикува одредена љубопитност, но исто како што рече убаво Оскар Вајлд: Убавината трае само неколку моменти ако немате со што да ја покриете таа љубопитност.
Мислам дека не би можела некогаш да се пофалам со ваква кариера, ако бев само убава. Директорите не ве покануваат да работите со нив заради вашата убавина, туку заради вашиот талент“.
