Free zone

Морате да ги имате: Совршени нијанси на кармин за оваа сезона!

Зимата е идеално време за „загревање“ на атмосферата со вистинските нијанси на кармин што дополнително ќе ви помогнaт да ја потенцирате косата, очите и образите.

Всушност, целото лице.

Погледнете подолу кои кармини се препорачуваат за оваа зимска сезона.
Ако имате црна коса, навистина имате среќа – сите добро ќе ви прилегаат!

Најдобар за состаноци
Ништо не привлекува внимание како огнениот, црвен кармин. Идеален за вечерно излегување!

Најдобар за дневни варијанти
Коралната нијанса е идеална за дневни варијанти – од одење на кафе со пријателките до деловен состанок.

Најдобар за бринети
Бојата на црвено вино е одлична за бринетите и можете да ја носите и во дневна и во вечерна варијанта. Одлично одговара на бојата на вашата коса, а се препорачува да ставите минимална шминка на очите.

Најдобар за русокоси
Розовата нијанса оди добро со руса коса. За најдобар ефект, користете кармин во оваа нијанса што има светкав финиш.

Најдобар за црвенокоси
Црвената нијанса со розови подтонови е совршена за дамите со црвена коса. Дополнително ја нагласува убавата боја на коса и му ласка на целото лице.

Напиши коментар