Постои храна којашто не треба да се јаде навечер, односно штом ќе се стемни треба да се избегнува.
Одредена храна или некои состојки во храната, лошо влијаат на нашето тело, што го нарушува процесот на спиење. Само избегнувајте ја оваа храна пред спиење и сè ќе биде добро.
Сокови
Соковите претежно се полни со шеќер, што е добро за нашето тело доколку сакате да се движите, да го подобрите расположението или да ја подобрите концентрацијата, но го убиваат сонот.
Зеленчук
Некои зеленчуци не се добри за јадење пред спиење, ова првенствено се однесува на зеленчукот кој тешко се вари, како прокељ, брокула, зелка.
Слатки
Исто така, треба да избегнувате слатки пред спиење. Големата содржина на шеќер ќе ве остави будни сигурно подолго отколку што планиравте.
Тешка храна
Се работи за храна која е многу зачинета и мрсна. Ова е токму она што треба да се избегнува доцна во ноќта. Проблемот е во тоа што телото треба да вложи дополнителни напори за варење на оваа храна, а тоа е многу тешко за време на спиењето. Така, ќе ве држи будни додека не се свари.