Celebrity

На сите фотографии од принцот Чарлс и принцезта Дајана се крие еден многу чуден детал – Дали знаете за што се работи?

Во времето кога Лејди Дијана беше принцеза, работите сè уште беа „под целосна контрола“. Дури и додека Лејди Дајана и принцот Чарлс беа во брак, се зборуваше дека не е сè толку добро како што изгледа.

Сепак, колку далеку отиде контролата на илузијата и колку бilo важно изгледа сè однадвор, кажува само еден детал – видлив на сите официјални фотографии од поранешната двојка.

Освен ако не ги загледате добро фотографиите, нема да забележите ништо чудно. Но, кога нивните најпознати портрети ќе бидат наредени еден до друг, станува сосема јасно.

Токму тоа го стори еден корисник на Твитер, кој поставувајќи фотографии од поранешната двојка една до друга, забележа дека принцот Чарлс на сите изгледа повисок од принцезата Дајана. И не малку, туку „за цела глава“, може да се каже.

Сепак, ова не би било невообичаено ако парот не e точно иста висина – 178 сантиметри. Кога ќе погледнете некои нивни кадри, коишто не ги направил официјалниот кралски фотограф, овој факт е многу забележлив.

Кога станува збор за официјалните фотографии, очигледно фотографите имале задача да ја направат Дајана многу пониска од она што била и многу пониска од нејзиниот сопруг.

Прашањето е, зошто палатата Кенсингтон, би имала потреба да создаде илузија дека принцот Чарлс е многу повисок од неговата сопруга? Зошто нивната еднаква висина би била воопшто проблем?

Познато е и како Дајана за време на бракот ги популаризираше салонките со ниска потпетица, веројатно од истата причина – за да не отскокнува во висина покрај својот сопруг.

Напиши коментар