After Midnight

Најбезбеден секс во време на корона вирусот- водете љубов сами со себе!

Градските власти на Њујорк, град со население од 8,7 милиони од кои 12.000 заразени со корона вирус, објави прирачник за безбеден сексуален живот за време на епидемијата, потенцирајќи дека во моментов еден од најбезбедните начини за водење љубов е со вашиот постојан партнер, објави Њујорк пост.

Министерството за здравство на САД, кое го потпишало прирачникот, препорачува граѓаните на Големото јаболко, кое е сега потенцијално најголемата фокусна точка на коронавирусот во светот, дека сепак е најбезбедно да водат љубов сами со себе.

Мастурбацијата е најбезбедна, особено ако ги миете рацете (и вашите играчки) со топла вода и сапун пред и потоа, бидејќи ова е единствениот начин да се избегне зараза со корона вирус.

Друг, иако помалку сигурен начин да имате безбеден секс е да водите љубов со партнерот со кој живеете.

„Остварувајте што е можно помалку контакти со други луѓе, вклучувајќи го и сексот, ако сакате да спречите ширење на Ковид-19“, се вели во прирачникот објавен на веб-страната на градот.

Избегнувајте групен секс, избегнувајте да се бакнувате, а оние кои бараат партнери преку Интернет, да се задржат на виртуелни состаноци, пораки и разговор, препорачува њујоркшкиот прирачникот за безбеден сексуален живот за време на пандемијата на корона вирусот.

Напиши коментар