Free zone

Најчестите грешки кои ги правиме кога станува збор за обликот на нашите веѓи

Освен што изгледаат естетски пријатно, веѓите се и чувствителен дел од лицето.

Дали ги обликувате и негувате правилно?
Експертите забележуваат дека поостриот пилинг, обликување со ножици, како и тешките формули, на пример, густите восоци, чија улога е обликување и фиксирање, може да им наштетат.

„Ако имате природно тенки и ретки веѓи, може да посегнете по восок кој лесно може да ги пополни дупките и неправилностите, но може да влијае на пукање на самите влакненца, што на крајот има спротивен ефект“, вели Ази Сакс, козметичарка од Њујорк.

Наместо восок и молив, таа предлага пудра за веѓи, која лесно ќе ги обои, без да ги оштети.

„Пилингот исто така може лошо да влијае на убавината и хармонијата на веѓите, особено оној со поостри честички, бидејќи може да предизвика пукање на влакненцата. Општо, триењето или лупењето во близина или на веѓите е штетно за нивната густина “, вели Сакс.

Таа, како опасност го спомнува и домашното обликување со ножици, кои го олеснуваат правењето дупки и затоа е подобро да се одржуваат природни.

„Неизаднечените веѓи можат да создадат илузија на дисбаланс на лицето“, вели Сакс.

Оваа козметичарка предлага и формула за побрз раст на веѓите – користете рицинусово масло секој ден, кое се препорачува за побрз раст и зајакнување на влакната.

Напиши коментар