Free zone

Најчестите грешки во врска со нега на кожата на лицето

Понекогаш мислиме дека правиме добро, но всушност го правиме спротивното. Се чини дека правиме добро, но во реалноста и нанесуваме уште поголема штета на нашата кожа и предизвикуваме акни и иритација. Ако не можете да откриете од каде и зошто постојано ви излегуваат мозолчиња, а толку многу внимавате на кожата, ова можат да бидат причините.

Користите влажни марамчиња за отстранување на шминката
Отстранувањето на шминката навечер пред спиење е задолжителен чекор, но не е важно како ќе го направите тоа. Влажните марамчиња не треба да бидат производ што ќе го користите за отстранување на шминка, особено денес кога има толку многу различни производи дизајнирани токму за ова, од мицеларна вода до гелови за чистење, кои исто така ја отстрануваат шминката. Влажните марамчиња содржат алкохол, парфеми и разни други состојки кои ќе ја исушат вашата кожа повеќе отколку што треба. Особено ако имате чувствителна кожа.

Користите крема за сончање, но погрешна
На сите страни е нагласено колку е важно редовно да ставате крема за сончање на лицето, без разлика колку сонце има надвор. И тоа е важно, бидејќи сите сакаме кожата на лицето да изгледа убаво, сјајно, без дамки и тоа што е можно подолго. Сепак, не е сеедно каков вид на крема за сончање користите. Некои креми за сончање се базираат на масло, коишто се претешки за многу девојки и ја иритираат кожата и предизвикуваат акни. Како и кај влажните марамчиња, треба да избегнувате креми кои содржат парфеми.

Премногу чистење на лицето
Не е добро да го прескокнувате секојдневното чистење на лицето со производи наменети за вашиот тип на кожа, но исто така не е добро и да претерате. Дерматолозите веруваат дека премногу чистење на кожата со различни производи може да има спротивен ефект од оној што сакате да го постигнете. Ова е особено точно ако користите гелови за чистење и други производи наменети да го намалат појавувањето на акните. Тие ја сушат кожата и прекумерната употреба може премногу да ја исуши кожата и тогаш таа ќе мора да произведува повеќе природни масла, ќе ги заглави порите и еве ги мозолчињата!

Го миете лицето додека се туширате
Кога се тушираат, луѓето обично користат премногу топла вода. Не е добро за кожата, а особено за кожата на лицето. Колку е потопла водата, толку е поиритирачка за нашето лице. Затоа, никогаш не треба да го миете лицето додека сте под туш, туку посебно да го миете, со малку поладна вода. Топлата вода премногу ќе ја исуши кожата.

Напиши коментар