Free zone

Најчестите make up грешки кои сите ги правиме

Тушот за очи ви го намали окото? Ставивте пудра и сега изгледате бледо? Маскарата постојано ви се згрутчува, а на вашата пријателка не? Ниту најдобрите производи во светот нема да ни помогнат ако ги примениме неправилно.

Како да нанесете пудра?

Трикот е во тоа да се усогласи подлогата со бојата на кожата во пределот на деколтето, а не со бојата на лицето или вратот. Зошто? Бидејќи лицето и вратот се најсветлите делови на нашата кожа. Прво ставете течна пудра, а потоа користете коректор, доколку е потребно, за да усовршите некои делови од лицето.

Како да нанесете коректор?

За да ги прикриете темните кругови, изберете коректор што е посветол од природната боја на тенот или оној со осветлувачки ефект што ја камуфлира темната боја на очните капаци. Не ставајте коректор на мозолчиња бидејќи само уште повеќе ќе ги потенцирате, туку поправете ги со подлогата во вашата идеална нијанса.

Како да нанесете туш?

Внимавајте подебелото нанесување на тушот секогаш да биде на капакот, а не под окото, бидејќи во спротивно тушот ќе направи оптичка илузија и „ќе го повлече лицето надолу“. Ако имате мали очи, најдобро е целосно да избегнувате да нанесувате туш под окото. Нанесете го тушот од средината на очниот капак кон надвор, така ќе изгледа најдобро.

Како да ги средите веѓите?

Ако имате густи веѓи, само исчешлајте ги со четка за да бидат уредни. Ретко пополнете ги веѓите со посебен молив или мат сенка за веѓи што одговара на вашиот природен тон на веѓите. Нанесете со специјална закосена четка за веѓи.

Како да нанесете моливче за усни?

Според бојата на карминот што имате намера да го нанесете, изберете ја и бојата на моливчето за усни. Нанесете го моливот во рамките на усните, и ако треба да ја преминете границата, направете го тоа само за да го нагласите волуменот и да се изедначи добро. Не цртајте нови усни.

Напиши коментар