After Midnight

Најчестите типови на момчиња со кои излегувала секоја од нас – Еве што можеме да научиме од нив

Без оглед дали сте пронашле вистинска љубов, или сè уште ја барате, кога ќе погледнете наназад, сигурни сме дека има некои момци, кои ги сметате за животна или емотивна лекција и кои ви помогнале на многу начини да разберете кој е вистинскиот партнер за вас.

Летна авантура

О да, обично е тоа момче кое ќе го сретнете на море или на некое патување. Веќе знаеме дека оваа врска е невозможна, бидејќи тој не живее кај нас, далечината е неизбежна и тоа сигнализира неуспех уште на почетокот, но лето е и сè е дозволено, а на кого не му треба малку внимание, флерт и забава?

Ќе биде возбудлива авантура, која ќе трае колку и одморот, но може да создадете толку многу забавни спомени, што секогаш ќе ги паметите со насмевка!

Bad boy

Ова е оној кој е фатално згоден, бесконечно шармантен и полн со самодоверба, дечко за кого сте само една од многуте, но тој дава се од себе да го разберете тоа што е можно подоцна. Кога сте со него, се разбира дека никој не знае, бидејќи нема ништо поинтересно од тајна врска, тој ќе направи да се чувствувате како единствената жена на светот, но ако сакате да го претставите во општеството како официјално момче, тој одеднаш ќе исчезне.

Се разбира, оваа врска значи и скршено срце, но тоа е една од првите лекции што ќе ги научите за време на емотивно созревање. Не ви треба момче кое ќе сака сè, туку оној што ќе ве сака само вас!

Егоист

Тој е успешен, амбициозен и самосвесен, но секој ваш разговор се сведува само на него, неговата кариера, плановите, успесите, додека вие сте само сенка, која со ентузијазам ја гледа својата среќа, олицетворена во тој совршен човек.

А, кога ќе заврши фазата на заљубеност, конечно сфаќате дека сте подеднакво успешна млада жена, харизматична и подготвена да ги оствари своите соништа, но немате до вас некој кој ќе може тоа да го увиди, а камоли да го цени, тогаш вие ќе се свртите кон себе и ќе го оставите егоистот да продолжи да си се восхитува на самиот себе.

Напиши коментар