Она што е важно е што правиш додека одмараш од учењето. Сакаш да ја искористиш паузата на најдобар можен начин, да се одмориш и да бидеш подготвена за совладување на нови лекции. Не ти е потребна пауза од половина час, доволни се и пет минути, но мора да знаеш како правилно да ги искористиш.
Минута 1: Стани и истегни се
Каде и да учиш, сигурно седиш или лежиш, па првото нешто што треба да го направиш кога ќе правиш пауза е да станеш и да се истегнеш добро – грб, раце, нозе. Освен што ова е добро за твоето тело затоа што сигурно веќе си се вкочанила, ова исто така може да те расони малку ако почнало да ти се спие.
Минута 2: Прошетај до кујната и напиј се чаша вода
По истегнувањето, прошетај кратко до кујната. Важно е да пиеш вода додека учиш, бидејќи ако си хидрирани цело време ќе бидеш поконцентрирана. И, веројатно си заборавила да се напиеш некоја капка вода, така што паузата можеш да ја искористиш за тоа.
Минута 3: Одговори на некоја порака, доколку му требаш на некој
Одвој една минута да и одговориш на твојата другарка и да и дадеш до знаење како ти оди со учењето или да му одговориш на момчето да закажете состанок, е нешто што треба да го направиш за време на паузата. Ако не го сториш тоа сега, кога ќе почнеш да учиш, ќе сакаш да го земеш телефонот во рака и да испраќаш пораки. На овој начин знаеш дека имаш малку време за тоа, кратко и ограничено, но сепак доволно, додека е фокусот на учењето.
Минута 4: Провери сама со себе како си
Дали си премногу нервозна затоа што не можеш да ја разбереш лекцијата по хемија? Дали си лута на себе затоа што годините по историја постојано се мешаат? Дали си уморна и едвај ги држиш очите отворени? Одвој една минута и увери се во каква состојба си и дали можеш да продолжиш да учиш.
Минута 5: Ѕирни го мобилниот уште еднаш доколку имаш потреба и удобно намести се за совладување на новите лекции
Искористи ја последната минута за да завршиш ако започна нешто за време на паузата, како на пример некој договор или треба уште еднаш да погледнеш што има на Инстаграм – сега е време да го сториш тоа.