Free zone

Најдобрите тинејџерски хорор филмови, кои можете да ги гледате уште веднаш

Има нешто во тинејџерскиот хорор што ги прави тотално неодолив. Да, акцијата е скоро секогаш тотално предвидлива: група средношколци одат на забава и завршуваат во темна шума каде ги брка мистериозно чудовиште и така во круг…

И колку и да се снимаат филмови на оваа тема, секој ќе го гледаме. Сепак, некако успеавме да ги ставиме сите на една листа: ова се најдобрите тинејџерски хорор филмови што можете да ги гледате уште веднаш!

The Babysitter

Заплетот на оваа хорор комедија го следи Би, бебиситерка, која е дел од окултната секта. Кога детето ќе ја открие нејзината мрачна тајна, работите почнуваат да се комплицираат… Во филмот глуми и Бела Торн.

The Babysitter: Killer Queen

Продолжение на претходниот филм. Иста ситуација, само продолжеток.

Animas

Овој морничав трилер ни доаѓа од Шпанија (e, таму знаат што е добар хорор) и ја следи Алекс, која ja следат страшни визии и халуцинации, кои не може да ги контролира. Таа не може да му се довери на својот најдобар пријател Брам, бидејќи неговата нова девојка не ја сака Алекс – и еве ја драмата.

The Blackcoat’s Daughter

Ема Робертс ја игра Jоан, проблематична девојка која заминува во католички интернат, но прашање е дали ќе успее да стигне до него…Покрај неа, тука е и Луси Бојтон.

Cabin Fever

Група пријатели изнајмуваат куќа во шумата. И тогаш започнува забавата. И не дозволувајте да ве спречи фактот што неговата оценка е буквално нула. Гледајте го.

Напиши коментар