Вие сте реални и не сакате да губите време. Презирате празни приказни.
Нема да поминувате време пред огледалото, да ја прилагодувате косата или да се разубавувате. Ќе го поминете денот покорисно.
Вие сте многу трпеливи и способни да се занимавате со долготрајни работ, без страв дека ќе биде губење на време.
Знаете како да ги контролирате своите чувства, но ретко им ги откривате на другите. Вие сте недоверливи. Вашето пријателство и доверба тешко се стекнуваат, а кога тоа ќе се случи, пријателот може да биде сигурен дека нема лесно да го изневерите.
Вие не сте многу оптимистична и весела личност. Претпочитате друштво со меланхолични луѓе, затоа што и самите сте такви.
Секогаш сè добро пресметувате.
Не сакате да го привлекувате вниманието на другите. Работите како мравка и на крајот ги гледате плодовите од вашата напорна работа. Преку работата, сакате да докажете дека сте неопходни, за разлика од многумина кои постојано ги истакнуваат своите вредности и се преценуваат себеси.
Животот е нешто многу сериозно за вас. Не очекувате радост од него, не верувате во никакви чуда.
Осаменоста е вашето прибежиште. Одлучувате да живеете настрана. Претпочитате да бидете сами отколку да бидете во друштво на луѓе кои ве заморуваат.
Строго се придржувате до вашите принципи и имате тенденција да го осудите секој што мислите дека прекршил некој од нив.
Вие сте ЈАРЕЦ (од 23 декември до 21 јануари)