Astro&Horoscope

Најголемите “Drama Queens” во хороскопот

Дали ќе сторите сè, дури и ќе кренете прашина за на крај да биде по ваше? Дали се обидувате да ја свртите секоја ситуација во ваша корист? Дали толку многу се трудите да не бидете во центарот на вниманието, што целото внимание го привлекувате кон себе? Ако се најдете во овие ситуации – вие сте тотална кралица на драмата.

РАК (21 јуни – 22 јули)
Ракот не се плаши од своите чувства, какви и да се. Нивната упорност е обично квалитетна одлика, но понекогаш може да се претвори во конкурентност. Секогаш кога припадничката на овој знак завршува во некое од овие расположенија, затоа што не го привлече вниманието што го посакуваше или е презаситена од емоции, таа може драматично да го премине работ и да започне да се однесува како тотална принцеза. Тогаш е најдобро да се врати во реалноста.

ЛАВ (23 јули – 22 август)
Лавицата е кралица на сите драми. Таа сака да биде во центарот на вниманието, има високи стандарди во животот и смета дека го заслужува најдоброто. Но, постои разлика помеѓу тоа да се биде страствен и драматичен, што Лавот не го разбира. Ако сакате да знаете што ќе се случи кога таа нема да го добие она што го сака, замислете слика на мали деца кои се борат за дијадема. Тие можат да бидат прилично арогантни и себични во обидот да направат сè да се врти околу нив. Но, ако не и дадете што сака, таа ќе се смири… на крајот.

СТРЕЛЕЦ (22 ноември – 19 декември)
Стрелецот со ентузијазам гледа на животот, па кога ќе почне да драматизира обично не е поврзано со нешто негативно. Но, тоа не значи дека ако не е вознемирена, таа не може да ве повреди со она што го зборува. Жената Стрелец може да зборува многу, што обично ја носи во неволја. Кога и да посака да биде по нејзино, ќе каже што било само за да ја направи другата личност среќна, без разлика за што станува збор. Дури и ако тоа значи дека и самата изгледа предраматично и театрално. Тешко е да се биде во нејзина близина во такви ситуации, но важно е да се обидете да ја разберете кога ќе тргне да ги разубавува работите.

Напиши коментар