Вага
Во овој знак се раѓаат најголемите витези на хороскопот, кои ги освојуваат жените со својот неодолив шарм. Вагите сакаат да даваат комплименти и се многу внимателни кон своите партнерки, па жените кои успеваат да ги фатат се навистина среќници. Сепак, мажите во овој знак навистина сакаат да флертуваат, што може да ги полуди нивните партнерки. Тие обично не се занимаваат со ништо повеќе од флерт и се верни во врската. Некои од најпознатите машки ваги се Мет Дејмон, Бруно Марс.
Скорпија
Скорпиите се познати како најдобрите љубовници, но тоа не е единствената тајна на нивната привлечност. Мажите во овој знак се прилично мистериозни и тешки за читање, што обично ги прави интересни за жените. Во врска, тие се верни и искрени и посветени на својата партнера. Меѓу познатите претставници на овој знак се наоѓаат Рајан Рејнолдс, Метју Меконахи, Леонардо ди Каприо.
Бик
Романтични, грижливи и чувствителни, мажите родени во знакот на Бик се совршен материјал за врска и брак. Тие сакаат да ги разгалуваат своите партнерки, наградувајќи ги со комплименти и подароци, и на ист начин ги освојуваат жените. На нивниот шарм е многу тешко да се одолее, но не флертувајте со нив ако не сте подготвени за сериозна врска затоа што не сакаат површни авантури. Некои од славните момци родени во овој знак се Дејвид Бекам, Двејн „The Rock“ Џонсон и Џорџ Клуни.