Free zone

Најголемите грешки кои ги правиме при изборот на високи потпетици – Еве на што треба да обрнете внимание

Штиклите се инстант решение за постигнува на елегантен стил. Овие елегантни чевли веднаш ќе ја направат фигурата визуелно витка и поженствена, но само доколку го купите вистинскиот пар чевли.

Најчести грешки при купување потпетици кои не смеете да ги правите:

  1. Погрешен калап: Ги пронајдовте потпетиците од вашите соништа, но кога ќе ги облечете, ногата не се вклопува целосно во калапот. Причината е што калапот не одговара на формата на вашето стапало, па затоа вечерта во потпетици може да премине во агонија. Ако вашата нога не е целосно „седната“ на дното на чевелот, или ако средниот, подигнат дел од стапалото не одговара на петицата, не купувајте ги. Калапот мора да ја следи ногата, инаку нема да издржите долго на нив.
  2. Утрински шопинг: Кога ќе се разбудите, вашето тело е најсвежо, што важи и за стапалата. Наутро, стапалото е многу потесно, а со тоа и малку помало. Во текот на денот, водата се акумулира во телото, што може значително да ја прошири ногата. Токму овие дополнителни милиметри се многу важни при купување потпетици. Ако купите чевли наутро, постои опасност да бидат премногу тесни за вас попладне, а ако ги носите цела вечер, кога ногата ќе ви отече, потпетиците ќе ви предизвикаат болка и ќе станат неподносливи за носење. Кога купувате потпетици, чевелот треба да бидат комотни, дури и малку големи, односно за половина број поголеми.
  3. Премногу висока петпетица: Високата потпетица изгледа многу елегантно. Сепак, не дозволувајте таа елеганција да ве примами да ги купите, особено ако носите штикли многу ретко. Имено, ако вашата нога не е навикната, по многу кратко носење ќе почувствувате болка во листовите и целото стапало. Ако планирате да стоите во потпетици цела вечер, изберете потпетици со малку пониска, но постабилна пета во која ќе можете да одите поелегантно.

Максималната висина на петицата за почетници треба да биде од 7 до 10 сантиметри.

Напиши коментар