Astro&Horoscope

Најголемото злопамтило според хороскопот

Цврсто стоите на земја. Сакате сè што е постојано и опипливо. Сонувањето е само ментален одмор за вас. Сè што не е достижно или е плод на вашата имагинација – го повредува вашето чувство за практичност. Вие сте реалист, сакате конкретни работи.

Никогаш не сте задоволни со измамнички ветувања, слатки илузии, не се препуштате на недостижни соништа. Ги цените материјалните добра. Сакате на пример, да имате удобен стан. Никогаш нема да се украсите со лажен накит, ако немате вистински. Не сте алчни, но не трошите пари, не купувате непотребни работи. Сите ваши активности и иницијативи се резултат на длабоко размислување и никогаш не се вклучувате во сомнителна деловна активност.

Затоа не успевате во оние потфати што бараат брзина и храброст. Но, штом еднаш прифатите работа, тоа го правите совесно и со многу жар и никој и ништо не може да ве спречи да ја завршите. Вие го цените времето и го користите правило. Кога ќе одлучите нешто, тешко е да ве одвлечеме од тоа. Повеќе сакате да доживеете несреќа отколку да се вратите назад или да се премислите.

По природа сте мирни и не копнеете за одмазда. Имате доверба во другите, иако не им ги покажувате веднаш вашите вистински чувства и почит, тоа не значи дека не ги сакате. Не сакате да напаѓате или исмевате некого, но тешко е за секој што ќе се осмели да ве нападне.

Ако сте убедени дека некој лошо се однесувал кон вас, или дека ги повредил вашите добри намери, никогаш нема да му простите. Тој ќе изгуби многу во вашите очи. Големо злопамтило сте.

Вие сте верни во пријателството, но барате лојалност и од спротивната страна. Ако некој ве изневери, нема да реагирате бурно. Вашите реакции се бавни и помалку видливи, но затоа се бесконечно длабоки.

Иако вашиот карактер е доста силен, во него има постојат слабости. Мрзливоста понекогаш се појавува во начинот на живот. Бегате од грижи и проблеми, не сакате компликации. Полека уживате во животните радости и во тоа сте вистински гурман. Вие сте, без сомнение, страствен БИК (од 21 април до 21 мај).

Напиши коментар