Astro&Horoscope

Најлошата особина на секој хороскопски знак

ОВЕН – им ја префрла вината на другите без размислување
Ако некој се спасува себе така што ќе турне некој друг во неволја, тоа е Овенот. Ова е знак што вината ќе ја префрли на другите без да трепне, само за да се извлече од проблематична ситуација. За него не е проблем да обвини некого за својата грешка пред сите, всушност, тоа ќе го стори со задоволство.

БИК – поставени ултиматуми
Како еден од најтврдокорните знаци, Бикот може да создаде многу проблеми поради оваа карактеристика. Особено кога станува збор за односите со другите луѓе, пријателски или љубовни. Тие едноставно не сакаат да се дружат со луѓе што не им се допаѓаат и ако има некој таков во нивно друштво, ќе направат нивниот пријател буквално да треба да бира со кого ќе се дружи. Тој им поставува ужасни ултиматуми на луѓето – и секако, секогаш очекува да биде по негово.

БЛИЗНАЦИ – ги заведува симпатиите / момците на најдобрата пријателка
Близнаците по својата природа се големи заводници и понекогаш им е тешко да ја контролираат својата карактеристика. Иако нема ништо лошо да слатко да се насмееме на шегата на некој што ни се допаѓа или секси да замафнеме со косата, Близнаците секогаш ќе го прават тоа, и со луѓе со кои никогаш не треба да флертуваат. Исто така, се нафрлаат и на луѓе за кои знаат дека им се допаѓаат на нивните пријатели и ќе се оправдаат со некаков изговор, како на пример „Ах, ме познаваш“, како да не е нивна вина.

РАК – злопамтило што памети сè
Без разлика дали станува збор за нешто навистина важно или тотална ситница, Ракот ќе се сети дали некој му направил нешто лошо. Дури и ако било случајно и поминаа 10 години од тој фатален настан. Поради тоа, другите луѓе околу нив честопати се повредуваат затоа што случајно се вклучени во нивната голема одмазда.

ЛАВ – не се грижи за чувствата на другите луѓе
Оној пријател кој ќе објави групна фотографија на која сите изгледаат лошо, но тој испаднал одлично? Да, станува збор за Лавот. Егоистични и полни со себе, Лавовите секогаш ќе гледаат само како на нив да им биде добро, а за другите воопшто нема да се грижат. Лесно ќе ве повредат и ќе се преправаат дека сè е во ред.

ДЕВИЦА – кажуваат грди работи за другите
Девиците го гледаат светот само низ своите нивните очи и дури не можат да се замислат себеси во туѓа кожа. Затоа тие секогаш имаат некаков саркастичен и позлобен коментар за нечиј изглед, ситуацијата во која се нашол или за нешто што тој направил и кажал. И, се разбира, тој нема да го задржи тоа мислење за себе, туку ќе му го каже на секој што сака да го слуша. Девиците не се ужасни луѓе, тие едноставно не знаат како да се стават на туѓи место и сметаат дека е во ред да го прават она што го прават бидејќи се убедени дека се во право.

ВАГА – лаже
Драгите и добри Ваги имаат потреба да ги задоволат и израдуваат сите луѓе околу нив. Понекогаш тоа не е можно, и во такви ситуации тие почнуваат да лажат. Ќе измислат сè што е потребно само за да ја направат личноста среќна, да и биде забавно или да избегнат да бидат повредени. Иако лажењето е лоша особина, Вагата ја користи за да направи нешто добро, што сепак не може да биде најдобриот пристап кон проблемите.

СКОРПИЈА – манипулира со другите
Ако се пишуваше книга за лоши особини, Скорпијата ќе беше главниот лик. Овој знак калкулира и манипулира, сè само за да стигнете до целта и нему да му биде добро. Тој не се грижи премногу кога ќе повреди за да дојде до таа цел. За нив, светот е една голема партија шах во која тие знаат дека треба да победат, по секоја цена. Секогаш добро знаат што прават и зошто, а во најголем дел од времето дури и не им е жал.

СТРЕЛЕЦ – се откажува од работите без да извести и без објаснување
Стрелците се луѓето кои најверојатно ќе ве остават на цедило. Можеби тие ќе се откажат од зделката буквално во последен момент или едноставно ќе ги снема, овој знак и откажувањето се BFF. Она што најмногу им одговара, тоа и ќе го сторат, иако знаат дека би биле лути ако некој им го стори истото. И тој никогаш нема да се извини за ваквото однесување.

ЈАРЕЦ – ги осудува другите без причина
Не е лесно со Јарците. Тие се тврдоглави, имаат мислење за сè, и штом се формира мислење за нешто или некого, ништо не може да го промени. Ако од почеток овој знак не сака некого, тој никогаш нема да го сака. Полн е со осуда кон другите и секогаш наоѓа некаква мана кај секого. Никој според него не е доволно добар.

ВОДОЛИЈА – сака да копа по приватноста на другите луѓе
Ако некогаш и дадете шанса на Водолијата да ѕирне во вашата соба или случајно да ги оставите информациите за најавување на Инстаграм на нивниот мобилен, можете да очекувате дека ќе го искористат тоа. Тие сакаат да го туркаат носот таму каде што не му е местото. Нема да направат ништо страшно, само ќе копаат, за да добијат што повеќе информации.

РИБИ – не застануваат на страната на своите пријатели
Иако Рибите се знак кој секогаш се стреми кон добри односи и никој да не е повреден, оние луѓе со кои се најблиски обично завршуваат повредени. Бидејќи се толку сконцентрирани на целта да имаат што помалку драма и кавги околу нив, тие никогаш нема да застанат на страната на своите пријатели и роднини во дискусиите, затоа што ќе мислат дека ќе разберат зошто го сториле тоа и дека тоа полесно ќе ги смири тензиите. Додека тие тоа го прават со добри намери, надворешно не излегува така. Никогаш не се на страната на своите пријатели, затоа може да се шири мислењето дека тие не се лојални и добри пријатели.

Напиши коментар