Astro&Horoscope

Најлошата особина на секој хороскопски знак

Овен – себичен

Како прв знак во Зодијакот, на Овенот понекогаш му е тешко да забележи други луѓе околу себе. Тој е обично првиот и единствениот. Овните честопати се сметаат за себични во овој поглед, иако се само привремено заслепени од сопствената личност. Кога имаат нешто во план, за нив е многу тешко да видат дека проблемите со кои се соочуваат нивните пријатели можат да бидат поважни од она што тие го имаат испланирано за себе и дека им е потребна нивната помош.

Бик – никогаш не се чувствува виновен

Биковите генерално се многу тврдоглави. Затоа, кога преовладува таа тврдоглавост, Биковите имаат тенденција да не се чувствуваат виновни за нешто што им го направиле на другите. Останатите знаци во Зодијакот можат само да сонуваат дека еден Бик некогаш ќе се предомисли и ќе побара искрено извинување. Биковите скоро секогаш се убедени во исправноста на нивното однесување.

Близнаци – ја извртуваат вистината

Дарот што го имаат Близнаците кога станува збор за комуникација, ги прави совршени за манифестирање на нивните токсични својства во форма на искривување на вистината. Близнаците се и повеќе од способни да ги видат обете страни на проблемот и можат многу убедливо да ја претстават вистината од сосема поинаков агол. На овој начин, Близнаците се обидуваат да си ги оправдаат своите лаги.

Рак – емотивен манипулатор

Раковите се сметаат за високо емотивно интелигентни суштества. Сепак, понекогаш тие ги користат овие квалитети во насока што не е за пофалба. Раковите точно знаат која е точката на кршење на нивните најблиски и кога сакаат да постигнат нешто нема да се двоумат да ја извршат манипулацијата на емоционално ниво.

Лав – нарцис

Радикалната љубов кон себе е секако карактеристика на секој Лав, но лесно може да се претвори во вечна жед за внимание што никогаш нема да се изгаси. Во потрага по внимание, Лавовите имаат тенденција да не ги видат веќе покажаните љубов и внимание.

Девица – негативна

Перфекционизмот на Девиците е длабоко вкоренет во нивниот аналитички ум. Тие можат да навлезат до сржта на секој проблем и кога ќе отидат во крајност со својата негативност, можат да го уништат дури и најсигурното его. Тие се многу вешти во фрлање ножеви и погодување на целта точно во центарот.

Вага – ги наведува другите луѓе на кавга

Под владеењето на Венера, Вагите не сакаат да ги валкаат рацете. Тие ја оставаат валканата работа на другите, наместо лично да се соочат со проблемите и несогласувањата. Вагите се многу вешти во наведување на другите на кавга.

Скорпија – проблем со доверба

Постојаната контрадикција во срцето на Скорпијата е дека тие бараат нечија апсолутна доверба, не давајќи ја истата за возврат. Тие сметаат дека е сосема легитимно да ги читаат пораките на саката личност и да копаат низ нејзиното минато, притоа задржувајќи ги сите свои тајни под клуч.

Стрелец – смета дека е подобар од другите

Кога во Стрелецот ќе проработи токсичноста , ништо не може да го спречи постојано да се натпреварува со другите во неговата околина. Стрелецот се правда дека другите всушност се натпреваруваат со него. Ако напишете писмо, тој ќе напише роман. Стрелецот искрено верува дека има далеку поголеми способности од луѓето во неговата околина.

Јарец – искористува други луѓе

Кога Јарецот ќе се почувствува незадоволно, лесно ќе го елиминира својот профил на социјалните мрежи, а со тоа и луѓето од него и од неговиот живот, за кои верува дека повеќе нема корист. Ако им одговорите, Јарците буквално можат да одат во крајност и да ве убедат дека никогаш не сте биле толку блиски како што мислевте.

Водолија – проблем со недостаток на емпатија

Водолијата има навика да оди со крената глава, дури и ако некому му нанела смртоносен удар. Како знак кој постојано копнее по стимулација, Водолијата честопати чувствува малку емпатија кон луѓето кои повредува на својот пат.

Риби – скриени нарциси

За разлика од Лавот, нарцисоидноста на Рибите се карактеризира со саможртва и маченички комплекс. Рибите ќе преземат емоционален товар што го надминува лимитот на должност, само за подоцна да можат да ви го „извадат на нос“.

Напиши коментар