Free zone

Најлошите лозинки кои можете да ги имате: Лесно е да се пробијат и затоа променете ги веднаш!

Секоја година се објавува список со најнебезбедните лозинки што можете да ги имате на вашите налози на Интернет. И оваа година излезе списокот со 200те најчести, а исто така беше истражено и колку луѓе ја користат истата и колку време е потребно за некој да ја хакира вашата сметка. Секогаш на списокот со најчесто користени лозинки се наоѓаат едноставни комбинации, кои се чини дека најлесно се паметат, но и најлесно се пробиваат.

Најчесто користената лозинка во 2020 година е „123456“, која ја користат над 2,5 милиони луѓе, а само помалку од една секунда е доволно за хакерите да ја пробијат. Платформата Nordpass, која се занимава со лозинки и безбедност на Интернет, објави список со 200 лозинки кои се најчесто употребувани оваа година и кои всушност не се паметни за употреба.

Луѓето најчесто користат едноставни лозинки затоа што се лесни за запомнување и не треба да размислуваат многу додека ги смислуваат. Токму таквите лозинки најлесно ги пробиваат хакерите. Секогаш е подобра опција да креирате лозинка што ќе ви значи, што ќе ве поврзе со нешто и што нема да биде толку едноставна. Nordpass апелира до сите што ги имаат овие лозинки во своите важни налози, да ги променат што е можно побргу, за нивно добро.

Напиши коментар