Free zone

Најнеобичната водена површина во светот: Зошто Мртвото море претставува најголема туристичка атракција?

Мртвото море е една од дестинациите што со децении привлекува голем број туристи.

Депресивното море, како што го нарекуваат и затоа што е на најниската точка на надморска височина, се наоѓа на границата на Израел и Јордан, а Ерусалим е на 20-минутно возење од познатите летни одморалишта Ајн Бокек и Еин Геди.

Соленоста на Мртвото Море е 33 проценти, што го прави најсолено море на Земјата и овде нема жив свет освен некои видови микроби.

Неговата вода е идеална за третман на дерматолошки заболувања, така што оваа дестинација изобилува со бањски центри. Меѓу другото, има корисен ефект врз нервниот систем, затоа се препорачува за оние кои страдаат од депресија и анксиозност.

Таа е идеална за не пливачи, бидејќи дури и ако сакате, не можете да потонете поради количината на сол. Сепак, спасувачи постојат на сите плажи. Се запрашавте зошто? Ако голема количина од оваа вода влезе во вашиот нос или уста, може да дојде до задушување. Исто така, не се препорачува долг престој на море.

Се препорачува да се капете двапати на ден, дваесет минути.

Познатата минерална кал има корисен ефект за проширените вени, а на бреговите има топли извори наменети за третман на ревматски заболувања.

Сепак, ова езеро, кое е всушност девет пати посолено од било кое море, можно е да пресуши целосно бидејќи нивото на водата опаѓа за цел метар секоја година.

Напиши коментар