Celebrity

Најнеобичните нешта со кои се занимаваат познатите личности во своето слободно време: И тие знаат да уживаат исто како нас!

Бијонсе

За време на едно од последните интервјуа, пејачката откри дека има десетици илјади пчели на нејзиниот имот и дека произведува мед веќе подолго време. Иако, започна да прави мед затоа што сака да ги лекува алергиите на своите ќерки, грижата за пчелите ја прави многу исполнета и наоѓа мир во неа, а таа е вклучена во целиот процес на правење мед.

Никол Кидман

Никол можеби не изгледа како зависник од адреналин, но вистината е дека нејзиното омилено хоби е скокање со падобран. Таа не само што има неколку различни дозволи, туку е и лиценциран инструктор, а во слободно време често одржува часови.

Бред Пит

Еден од најпознатите актери ужива да игра со керамика и да прави оригинални мозаици и скулптури. Ова хоби му го открил неговиот многу добар и славен пријател, Леонардо ди Каприо.

Парис Хилтон

Парис е една од жените којашто изненадува во секој поглед, а јавноста ја шокираше нејзината изјава дека нејзиното омилено хоби е ловењето жаби. На својот ранч во Невада, таа често оди да лови жаби, кои на крајот ги ослободува назад во дивината. Покрај ова чудно хоби, Парис обожава да посетува изложби на прастари радија, а со текот на годините научила и самата да обновува стари парчиња.

Анџелина Џоли

Славната актерка има голема колекција ножеви во својот дом, а вели дека тоа е хоби што го наследила од нејзината мајка. Дури и како тинејџерка, нејзината мајка и ја проследила нејзината колекција на ножеви, по што таа продолжила да бара нови примероци коишто ги вклучува во колекцијата.

Напиши коментар